Кoj e најболниот убод од инсект ?

Многу инсекти можат да не повредат со нивниот убод, но според ентомологот д-р Џастин Шмит најболниот е оној на куршум мравката.

Куршум Мравката (Bullet ant) го добила своето име поради интензивната болка која ја предизвикува нејзиниот отровен убод. Болката се чувствува дури и во текот на во следните 12-24 часа. Живее во дождовните шуми во Јужна Америка и достигнува до 2,54 см. должина.

Џастин Шмит од Биолошкиот институт во Аризона, САД искусил таков убод и го оценува како најболниот убод на светот. Го опишува како чиста, интензивна, брилијантна болка. Како да се движите по жежок јаглен со шајки од околу 10 сантиметри забодени во петиците.

Ова не е прв пат тој да се изложува на болка нанесена од инсекти. Бил убоден повеќе од илјада пати од 150 различни видови на инсекти, понекогаш и намерно. Најголемиот дел од убодите ги добил за време на неговите истражувања, но за прв пат пројавил интерес за овој вид на одбранбен механизам уште како дете кога седнал на мравјалник.

Шмит направил индекс на болката, односно ја рангирал болката предизвикана од убод од ципокрилците (група на инсекти во која спаѓаат осите, пчелите и мравките) на скала од 1 до 4, при што куршум мравката се наоѓа на највиското 4-то ниво.


„Болката е толку силна како да сте го ставиле прстот во штекер со струја од 240 волти“, вели Шмит.

Тој научно ја класифицира болката што ја почувствувал, преку неговиот индекс кој првично бил објавен во 1980-тите, но бил ревидиран во 1990 година за да вклучува 78 видови. Исто така, ја проучува и хемијата позади болката, како и тоа зашто и како инсектите користат отров против предаторите. Моментално работи на најнова верзија на индексот каде што се надева дека ќе вклучи уште многу видови.

Поддржете ја нашата работа: