Qualcomm претстави чип за поефтини блутот слушалки

Qualcomm во последнава недела претстави нови процесори за мобилни и паметни детски часовници, а сега и новиот чип поради кој новите слушалки ќе станат доста попристапни и поефтини.

Станува збор за QCC3026 Bluetooth Audio SoC. Чипот е наменет за блутот слушалки со средна и ниска цена. Qualcomm на својата официјална страна наведува и како се работи за чип кој држи баланс помеѓу функционалноста и цената, што ќе им овозможи на производителите во текот на оваа година на пазарот да пласираат и поприфатливи модели на блутот слушалки во однос на цената.

При тоа првенствено мисли на производителите на мобилни телефони кои поради нските производни трошоци во иднина покрај своите мобилни наместо жичани би можеле да испорачуваат безжични блутот слушалки.

Инаку чипот е 32-битен, со брзина од 32 MHz и поддржува блутот 5.0 технологија. Тука е и поддршката за аудио технологијата на Qualcomm – Broadcast Audio, TrueWireless Stereo, TrueWireless Stereo Plus, aptX, cVc технологија и многу други. Подетални спецификации може да најдете на страниците на производителот.

Кинескиот Oppo веќе најави дека покрај поединечни модели на својот мобилен телефон Find X ќе испорачува и безжични блутот слушалки кои се темелат на QCC3026 Bluetooth Audio SoC. Станува збор за слушалките наречени O-Free.

Слушалките поддржуваат Qualcomm TrueWireless Stereo технологија која се грижи за синхронизација на звукот во левата и десната слушалка за време на стримингот. Покрај тоа, тие поддржуваат и гласовен превод, што ги прави слични на Google Pixel Buds. Слушалките на Oppo, со едно полнење обезбедуваат 4 часовно слушање на музика. Покрај слушалките стигнува и пригодна кутија која служи воедно и како полнач. На тој начин слушалките можат да се наполнат 3 пати.

Oppo O-Free слушалките ќе се испорачуваат бесплатно и со најскапите модели на Find X – Lamborghini Edition. Слушалките во слободна продажба ќе можат да се набават од август 2018 година и ќе чинат 90 долари.

Поддржете ја нашата работа: