Honor, e-брендот на кинескиот Huawei, оваа недела во Прага го претстави новиот модел на паметен телефон. Станува збор за уредот 8X, уште еден телефон од истиот производител кој нуди големи можности во пакет со поволна цена.
Honor 8X има 6,5-инчен FullView екран кој покрива дури 91% од предната површина и куќиште од 2.5D двојна текстура на аурора стакло со таканаречениот grating ефект. 6,5-инчниот Notch Full-View 2.0 екран има сооднос на страната 19.5: 9, а уредот е сместен во метално куќиште со должина од 5,5 инчи и 7,8 милиметри дебелина.
Во текот на презентацијата на новиот телефон, кој беше одржан во Прага, Honor и Red Bull најавија стратешко партнерство во регионот на средна и источна Европа.
„Honor и Red Bull веќе имаат постигнато успешна соработка на разни настани, и нашата заедничка цел сега е да се разбуди тоа партнерство и да зајакне на клучни пазари низ регионот. Сметаме дека нашите брендови се доста слични по вредност, па затоа е многу веројатно дека ќе има профит и за двете страни” – вели претседателот на Honor, Џорџ Жао.
Оваа соработка ќе продолжи и во наредната 2019 година во области како што се спортските настани, создавање на содржини, културни проекти и спонзорирање на спортисти.