Работата во смени – ризик фактор за дебелина и дијабетес

Истражувањата на научниците од  Универзитетот во Висконсин-Медисон (САД) покажаа дека вработените кои работат во смени се особено подложни на нарушувања во спиењето. Нивниот начин бара ноќна работа, флексибилност, прекувремени или наизменични смени.

„Во смени работат обично мажите, вклучувајќи ги и припадниците на етничките малцинства и ниско квалификуваните работници. Како по правило, тие се вработени во здравствените институции, во производството или на операциите на товар и истовар”- вели Мерџори Гивенс, една од истражувачите.

Борбата против дебелината на годишно ниво ја чини глобалната економија 200 милијарди долари.

Гивенс и нејзините колеги користеле податоци од истражување спроведено на Универзитетот во Висконсин во периодот 2008-2012 година. Во истражувањето учествувале 1.593 лица. Анализирани биле нивните режими на работа и спиење, односно проблеми поврзани со спиењето. Исто така, им бил мерен индексот на телесна маса и било тестирано дали имаат дијабетис тип 2.

Истражувачите откриле дека повеќето од лицата кои менувале смени имале прекумерна тежина (83%) во однос на оние кои работеле стандардна дневна смена (71%). Покрај тоа, тие имале повеќе проблеми со спиењето. И двата фактори – работата во смени и проблемите со спиењето – се поврзани со метаболички нарушувања.

Во својата работа, Гивенс и нејзините колеги се обиделе да дознаат дали метаболичките нарушувања се резултат на работата во смени и недостатокот на спиење. Тие откриле дека колку повеќе луѓето работат во смени и спијат помалку од седум часа дневно, толку е поголема веројатноста за дебелина или дијабетес.

Иако недостатокот на сон не може целосно да го објасни влијанието на различните смени врз метаболизмот, сепак способноста да се наспиете делумно ги отстранува негативните ефекти на работа во смени.

Поддржете ја нашата работа: