„Радар“ за неверство

Ако вие не сте свесни за неверството на вашиот партнер, тоа не значи дека и сите други не се. Всушност, едно многу интересно истражување покажало дека луѓето кои не ги познавате можат набрзина да забележат дали вашиот партнер ве изневерува само преку набљудување на вашето однесување.

„Луѓето можат да забележат дали луѓе кои воопшто не ги познаваат, изневеруваат или не, едноставно преку набљудување на нивната интеракција за краток временски период“, вели д-р Натаниел Ламберт, главен истражувач и асистент на училиштето за семеен живот на Универзитетот „Бригам Јанг“.

За ова истражување биле потребни 51 студент од Државниот Универзитет во Флорида  заедно со нивните партнери. Секој студент пополнил прашалник за своето емоционално и физичко неверство во врската. Потоа, двојките биле снимани околу 4 минути додека требало да исполнат една задача со цртање, односно на едниот партнер му биле врзани очите, а другиот требало да му покажува што да црта. Снимките потоа им биле покажани на 6 лица кои воопшто не ги познавале двојките и тие успеале да погодат кои партнери изневеруваат.

Уште едно истражување било спроведено со други 43 парови и 5 лица кои не ги познаваат и повторно резултатите биле слични. Непознатите лица не упеале секој пат да погодат, меѓутоа нивната способност да забележат неверство дефинитивно не била случајна.

Потребни се повеќе истражувања за да се утврди што е тоа што предизвикува луѓето да се посомневаат во неверство, меѓутоа д-р Френк Финчам, истражувач и директор на Институтот за семејство на Универзитетот во Флорида, смета дека тоа можеби се должи на предноста во еволуцијата. Со други зборови, „радарот“ за неверство е тука за да не осигура дека нема да си го потрошиме времето и енергијата одгледувајќи потомство кое не е ни наше.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.