Научното истражување со ваквите заклучоци е објавено во списанието „American Sociological Review“.
„Теоријата за правда укажува дека луѓето кои веруваат дека се потценети или преценети, доживуваат стрес и неверството може да биде обид да се врати рамнотежата во односите“ – вели Кристин Монша, авторка на истражувањето.
Ова објаснување е во согласност со фактот дека економски зависните мажи се повеќе склони кон неверство, отколку жените. Иако и мажите и жените имаат аверзија кон економската зависност, кај мажите, таа е потенцијално поголема поради општествените очекувања, според кои треба да го издржуваат семејството.
Неверството е подложно на поголема јавна осуда, отколку, на пример, феномени како што самоубиство, полигамија или човечкото клонирање. И покрај тоа, во САД изневеруваат 20-25% од мажите и 10-15% од жените. Таквите податоци Монша ги изнесува врз основа на претходните истражувања. Разликата помеѓу ставовите и однесувањето укажува на тоа дека ситуацијата се меша со социјални фактори. Па така, се поттикнува прашањето за влијанието на приходите врз невератвото.
Монша ги користи податоците од „National Longitudinal Survey of Youth“ на САД. Базата датира од крајот на 1997 година, учесниците во тоа време имале 12-16 години. Вкупно, во почетокот на истражувањето учевствувале околу 9000 луѓе. Тие биле редовно прашувани за вработувањето, работното искуство, нивото на приход, брачната состојба и сексуалниот живот. Потоа, во периодот 2001-2011, кога сите лица имале по 18 или повеќе години, биле вклучени и останатите прашања потребни за истражувањето. Од првичниот примерок од 9000 лица избрани се хетеросексуални двојки што се во брак најмалку една година. Финално, резултатите се темелат врз примерок од 2757 луѓе.
По извршената анализа на податоците, Монша открила дека:
- Kај жените кои го издржуваат семејството веројатноста за неверство е помала.
- Кај мажите кои го издржуваат семејството, напротив, колку поголем приход, толку поверојатно е неверството, бидејќи мажот верува дека зависната жена ќе му прости, или пак бара партнерка која би инвестирала во семејниот буџет.
- Економски зависните лица, пак, кај двата пола имаат поголема веројатност да изневерат. Тоа се објаснува како обид за враќање на еднаквоста во односот.