Ставовите изнесени во емисијата ја разбрануваа американската јавност и беа на удар на многу критики, но исто така наидоа и на многу луѓе што се сложија со истите.
Гостинот во емисијата, медицинскиот соработник д-р Мани Алварез истакна дека во последно време се’ повеќе луѓе се’ помалку се придржуваат кон институцијата брак.
Во многу случаи ова е културолошки проблем. Има многу луѓе кои доаѓаат во оваа земја каде што е норма луѓето да се состануваат, се сакаат, размислуваат за деца. „Оваа нова филозофија понекогаш се должи на начинот на кој луѓето се израснати, но исто така, затоа што, според мое мислење, целиот концепт на бракот, без разлика дали се работи за хетеросексуален или хомосексуален брак ,полека станува нешто на кое луѓето не обрнуваат внимание. Концептот на верноста целосно се губи“- вели Алварез.
Во текот на разговорот се споменати идеи дека многу од мажите не сакаат да се венчаваат, затоа што ако не си во брак, технички не можеш да изневериш. Потоа е споменато дека постои се помалку општествен притисок, затоа што живееме во сексуално слободно општество. Жените се охрабрени на врски, без притоа да бараат прстен.
Поентата е дека жените се виновни и за намалување на браковите и за растурање на постоечките. Благо кажано, ова тврдење е претерано. Тоа што жените имаат право да бираат со кого ќе имаат секс е едно, а да се тврди дека се лесни е сосема друга конотација. На лесната жена, секако не и треба одобрување и намален општествен притисок. Ќе се снајде и без тоа.
Истото и со мажите. Ако решил да изневерува ќе најде начин, време и дупка во законот. Ако со партнерот живеете 15 години, имате 2 деца, а притоа не сте во брак, што ќе му кажете ако ве изневери? Во ред е, немаш законска обврска да ми бидеш верен. Смешно е. Смешно е и да се обвинуваат феминистките, жените, кој било.
Луѓето изневерувале и пред феминизмот. Имало оргии и пред феминизмот. Имало несреќни бракови и пред феминизмот.
Туку, кога веќе зборуваме за слободен секс без обврски, неминовно е да се спомене потребата од сексуално образование, ама не од типот пчеличката и цветот, туку детално. Со сите детали и здравствени, психолошки и социјални последици.
– Дали жените стануваат „лесни“ или почнуваат да гледаат на сексот како мажи?
– Се губи ли бракот како норма и потреба?
– Дали партнерот навистина има право да изневери ако не е потпишан на ливче дека нема да го прави тоа?
Во недостаток на истражувања од нашата средина, од големо значење е да се изнесат ставови и искуства на конкретниве прашања.