7 изненадувачки факти за неверството

Уште од рана возраст, општеството ја тренира нашата психа да очекуваме да го сретнеме „вистинскиот“ или „вистинската“, да се венчаме, да имаме деца и да остареме заедно. Иако во моногамните врски, посветеноста значи верност, понекогаш неизбежно се случува неверство.

Според едно истражување од Универзитетот во Чикаго, 22% од женетите мажи и 15% од мажените жени го изневериле својот парнер најмалку еднаш.

Ова зависи од дефиницијата за неверство, но повеќето го сметаат сексуалниот однос, како и оралниот секс за изневерување, додека другите однесувања како бакнување или секс преку веб-камера спаѓаат во сиви зони.

Издвојуваме неколку интересни факти за неверството кои секоја личност во врска треба да ги знае:

 

1. Неверството е во гените

1

Неверството може да е запишано во вашите гени. Според едно неодамнешно истражување, жените со одредена мутација на рецепторниот ген за вазопресин – хормон кој се синтетизира во хипоталамусот и се складира во постериорниот дел на хипофизата, имаат поголема веројатност да изневеруваат. Вазопресинот влијае на нивото на доверба и емпатија, кои играат важна улога во поврзувањето со парнерот, социјалното однесување, како и сексуалната мотивација. Ова укажува на тоа дека постојат биолошки основи на ризичното сексуално однесување.

2. Повеќето мажи се’ уште се вљубени во партнерката додека ја изневеруваат

2

Спротивно на популарното верување, мажите кои ја изневеруваат својата жена велат дека се среќни во својот брак. Според едно истражување од Универзитетот Ратгерс, 56% од мажите и 34% од жените кои имале вонбрачна афера изјавиле дека се среќни во својот брак. Всушност, поголемиот дел од мажите изјавиле дека се’ уште се вљубени во својата жена додека ја изневерувале.

3. Неверството не е главната причина за развод

3

Неверството може да е основа за крај на бракот, но тоа не е главната причина за развод. Според едно истражување од 2011 година, главната причина за развод кај двојките е тоа што престануваат да бидат вљубени еден во друг. Неверството се наоѓа на второ место, неразумното однесување на трето, средовечната криза на четврто и емоционална/физичка злоупотреба на петто место.

Ова значи дека луѓето повеќе се подготвени да го простат неверството, отколку повторно да ја разгорат љубовта во врската.

4. Жените мислат дека мажите со длабок глас повеќе изневеруваат

4

Едно истражување од 2013 година покажува дека жените го слушаат гласот на мажите за да одредат кои се склони кон неверство и кои ги привлекуваат за долгорочни и краткорочни врски. Според тоа, жените сметаат дека мажите со длабок глас кои звучат како Бери Вајт се поатрактивни, но само за краткорочни врски, бидејќи има поголема веројатност да бидат неверни.

5. Жените имаат поголема веројатност да изневеруваат ако мажот има големи тестиси

5

Според едно истражување на мајмуни од Универзитетот во Осло, колку што се поголеми гениталиите на мажот, толку е поголема веројатноста женките да имаат сексуални односи со други.  Во овој контекст, човековите тестиси се 1,5 пати поголеми од оние на горилата.

6. Мажите кои изневеруваат имаат поголеми шанси за срцев удар

6

 

Едно истражување од 2012 година покажува дека мажите кои ги изневеруваат своите сопруги имаат поголеми шанси за ненадејна смрт од срцев удар за време на секс  со својата љубовница, отколку со својата сопруга.  Иако точната причина за ова е непозната, истражувачите сметаат дека срцевиот удар може да се должи на грижа на совест, стрес поради тајната афера, па дури и на напорот да се задоволи жена која е веројатно помалада од сопругата.

7. Неверството ги зголемува шансите за скршен пенис

7

Едно истражување од 2011 година покажува дека од 16 случаи на скршеница на пенисот помеѓу 2007 и 2011 година, половината од пациентите признале дека тоа се случило за време на вонбрачна афера.

Повредата настанува кога мембраната која го опкружува ткивото во центарот на пенисот (tunica albuginea) е растргната додека пенисот во ерекција е искривен или свиткан.

Поддржете ја нашата работа: