Паркинсоновата болест претставува хронично пореметување на нервниот систем кое доведува до тресење, вкочанетост и проблеми со одењето, рамнотежата и координацијата. Се случува кога нервните клетки во мозокот не успеваат да продуцираат доволно количество од супстанцијата наречена допамин, што како што се верува резултира со симптомите кои ги погаѓаат движењата на телото.
Првичните симптоми на Паркинсоновата болест тешко се забележуваат. Симптомите на невродегенеративното нарушување започнуваат постепено и со тек на време се влошуваат. Покрај тоа што го напаѓа мозокот, болеста исто така влијае на целото тело.
Во некои случаи, Паркинсоновата болест може да биде генетски предиспонирана, но во најголем број од случаите нарушувањето нема наследна основа. Според медицинските експерти, изложеноста на некои хемикалии во животната средина, исто така може да важна игра во развојот на болеста.
Во првичните предупредувачки знаци на болеста, според Националната фондација за Паркинсон на САД спаѓаат следните:
- Тремор/тресење
- Промени во ракописот (ситен ракпис)
- Намалено чувство за мирис
- Проблеми со спиењето
- Потешкотии при одењето или дури и при движење на екстремитетите
- Запек
- Промени во гласот (мек или низок глас)
- Тажен израз на лицето, дури и кога сте добро расположени
- Вртоглавици или несвестици
- Наведнатост или згрбавеност