Во еден број од списанието Behavioral and Brain Sciences, наидовме на текст со заклучок “Многу политиколози и политички психолози сега знаат дека либералите и конзерваивците не се согласуваат во политиката поради тоа што се различни по карактер, психолошки особини, па дури по физички и генетски карактеристики“.
Ова е важно бидејќи доведува да се запрашаме за се што досега сме знаеле за политиката – идејата дека на создавањето на нашите погледи на светот влијаат образованието, пријателите, семејството и економските интереси.
Ова откритие е резултат на истражувањето на Џон Хибинг од Универзитетот во Небраска и неговите колеги, во кое стои дека конзервативните политичари се карактеризираат со таканаречени негативни предрасуди, што значи дека на психолошко ниво се поврзани со понегативни (груби или навредливи) стимули во нивното окружување.
Хибинг и неговите колеги собрале податоци и спровеле експерименти во кои ги мереле движењата на очите и неволните одговори на политичарите од разни фотографии. Резултат? – Конзервативците реагирале побрзо на опасни и одбојни стимули, како на пример на фотографии со големи пајаци, луѓе со крвави лица или отворени рани.
Со други зборови, конзервативната идеологија, особеноан некои од нејзините најважни карактеристики, како што се јака војска и оружје строго спроведување на законот, отпорот на имиграција и достапноста на оружје е резултат на биологијата на конзервативците која ги држи будни и спремни на закани.
Авторите тврдат дека една од можностите е дека силната негативна пристрасност била доста корисна во плеистоценот бидејќи би ги спасила од сигурна смрт.
Оваа статија ја коментирале вкупно 26 научници, а одговорите биле доста различни. 23 од нив се сложиле со идејата за негативната пристрасност, некои ја прифатиле во целост, некои ја измениле, прошириле и слично, додека тројца ја исфрлиле идејата во целост.
Еден од овие научници кои го коментирале ова истражување е социјален психолог, Џон Јост на Универзитетот во Њу Јорк, кој во 2003 година предизвикал револт откако со неговите колеги објавил текст во кој стоело дека конзервативците ги карактеризираат особини како потреба за сигурност и нетолеранција на неодлучност и двосмисленост. Повеќе од една деценија подоцна Јост вели:
“Постојат бројни докази кои покажуваат дека когнитивно-мотивационите стилови на левичарите и десничарите се различни. Истражувањата покажаа дека конзервативноста е поврзана со барањата за ред, структурата, затвореноста, сигурноста, конзистентноста, едноставноста и блискоста, како и со некои егзистенцијални прашања како перцепцијата за опасност, чувствителноста на закани, така и на стравот од смртта.”
Науката за идеологиите е потребно се уште да се развива. Многу коментари на истражувањето на Хибинг ги засегаат важните прашања како она поради кое конзервативците имаат повеќе негативна пристрасност, а немаат поневротична личност од либералите. Напротив, истражувањата покажале дека всушност либералите се понервозни и дека имаат поневротични карактеристики.
Конзервативците, исто така се посреќни и позадоволни во животот. Хибиг во тоа не гледа контрадикторност. Наместо тоа, ги цитира Мет Мотил од Универзитетот во Вирџинија и Рави Ијер од Универзитетот во Јужна Калифорнија кои сметаат дека следењето и учеството во негативни настани во околината на конзервативците овозможува исполнетост и среќен живот, за разлика од постојаната потрага по нови искуства.