Невротичните луѓе кои премногу размислуваат имаат негативни мисли и емоции. Со секое споменување на зборот „создава“ кај нив тоа предизвикува низа негативни чувства: загриженост, нервоза, промена на расположение и премногу размислување.
Како и да е, психолозите имаат објаснување во однос на оваа состојба. Тие сметаат дека луѓето кои премногу размислуваат се всушност креативни генијалци.
А, зошто е тоа така?
За да се разбере во целост, мора да се најде врската помеѓу креативноста и невротичноста. Според текст објавен во „Trends and Cognitive Sciences“ , презентирана е нова теорија која ја поставува врската помеѓу овие две работи. Делот од мозокот кој е одговорен за мисли кои сами се генерираат – на пример, интроспекцијата и анализата. Позитивните особини ја зголемуваат креативноста, но и негативните појави како анксиозност, депресија, опсесија,
За Huffington Post, Др. Адам Перкинс, еден од авторите на студијата изјавил:
„Невротичноста кај луѓето има цена, но исто така има и бенефити. Високо невротичните луѓе можат да страдаат од високо ниво на анксиозност и депресија, но нивното длабоко размислување носи голем креативен потенцијал“.
Ова е веројатно причината заради која луѓето како Ван Гог, Вуди Ален и Исак Њутон имаат високо изразена креативност, а се сметаат за невротични луѓе кои премногу размислуваат. Тие за задржуваат подолго на проблемите за разлика од која било друга просечна личност и се опседнуваат со тоа.
Поенатата е да не се потценува трудот и посветеноста на проблемите на кои се задржуваат овие луѓе, бидејќи токму тие во еден момент ќе стигнат први до решението.
„Далеку сме од тоа да ја објасниме невротичноста и не нудиме одговори, но се надеваме дека нашата теорија ќе им помогне на луѓето во сопствените искуства “ – вели Перкинс.
Затоа, следниот пат кога ќе се почувствувате депресивни, анксиозни или со променливо расположение, запамтете дека имате неверојатна способност на личност кој премногу размислува – вие знаете како на креативен начин да го решите проблемот.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























