Разлики во стареењето кај мажи и жени.Кој старее подобро?

Шегите се безбројни кога станува збор за стареењето и старите лица. Толку многу луѓе ја негираат зрелоста и стареењето поради стравот од болести и смртта како неизбежна појава. Староста треба да биде посакувана, со линии на гордост кои се кријат зад брчките.

Животот е часовник. Брзаме да излеземе од тинејџерските години и некако се бркаме со времето. Желбите за иднината се најголемиот крадец на деновите кои сега ги живееме.

Стареењето се разликува помеѓу мажите и жените во однос на умот, телото и емоционалните карактеристики.

Според Светската здравствена организација, процесот на стареење за секој пол во голема мера зависи од условите во кои поединецот е израснат и личните навики како пушење, злоупотреба на алкохол, инфективни болести, исхрана, сиромаштијата, пристап до образование, услови за работа, насилство и здравствена заштита.

Пубертетот е една од најпознатите суштински точки во животот на еден млад возрасен. Девојчињата го започнуваат нивниот пат кон плодноста и останатите физички фази на пубертет на возраст од 10 до 14 години, додека момчињата малку подоцна, во периодот од 12 до 16 години. Хормоните кои циркулираат низ телото предизвикуваат разлика во гласовите, висината, тежината, акни и развој на облините и мускулите.

Мажите обично се развиваат во сексуално управувани суштества. Се до 60-годишна возраст, возрасните мажи мислат на секс најмалку еднаш на ден, според „WebMD“. Жените исто така фантазираат за секс, а со текот на годините и двата пола размислуваат за секс се помалку и помалку. Но, без разлика на возраста, мажите фантазираат за секс двапати почесто од жените. Еволутивните биолози веруваат дека жената има само-заштитна стратегија вградена во нејзиниот инстинкти, со цел да ја спречи да забремени со непогоден партнер. Тоа не значи дека жените немаат нагони, туку дека квалитетот е поважен од квантитетот.

Откако жените влегуваат во четвртата деценија од животот, стануваат и позагрижени за својот изглед и тоа во голема мера го разнишува расположениете. Всушност, од 1.100 анкетирани лица над 40-годишна возраст, 33% од жените биле загрижени за телесните промени како опуштање, брчки и тежина кои се случуваат во нивната постара возраст. Тоа е причината зошто толку многу жени одбираат пластична хирургија и инјекции Ботокс како решение за изгледот. Во меѓувреме, само 21% од мажите се загрижени за тоа како другите ги перцепираат.

Една од најпрецизните презентации на стареењето на лицата на мажите и жените е преку објективот на камерата на Едуар Џансенс. Во 2012 година, белгискиот фотограф  го заврши својот проект „од 1 до 100 години“, кој дава црна и бела визуализација на мажите и жените од времето кога имале една година, па се до 100-тата. Чудото на животот низ фотографии кои навистина ќе ве натераат да размислите за времето. За вашето време.

 

 

 

Некаде на половина пат,  по 50-тата година, се јавуваат полови разлики во однос на среќата. Кога постарите лица се соочуваат со неизбежните отчукувања на животниот часовник, мажите покажуваат пониска способност да се справат со новите промени во однос на жените. Всушност, по 50 години, стапката на депресија, анксиозност и самоубиство опаѓаат со секоја следна година. Заедно со стареењето доаѓаат високо развиени вештини за справување, емпатија, способност да се слуша, трпеливост и храброст да се преживеат новите предизвици.

Д-р Сузан Нолен- Хоексем, истакнат професор по психологија на Јеил, истакнува дека староста не е преживување, таа е процут. Постојат се повеќе докази дека повеќето жени чувствуваат поголема исполнетост, само-актуелизација, постигнување на нивниот врв со текот на стареењето.

Жените се со поголема веројатност да доживеат стоти роденден. Во Соединетите Американски Држави, жените се со просечна возраст од 81 години, додека мажите се со 76, според Институтот за здравствена метрика и евалуација. Кога станува збор за квалитетот на животот меѓу стогодишниците, мажите се победници. Од оние со 100 и повеќе години, 32% од мажите не страдаат од некои големи здравствени проблеми, додека само 15% од жените здрави го прославуваат стотиот роденден.

Поддржете ја нашата работа: