Научниците од Перу го реконструирале лицето на античката владетелка, припадничка на цивилизацијата Mochа од 5ти век – соопшти перуанското Министерство за култура.
Нејзините фацијални карактеристики се реконструирани од страна на научниците со помош на 3Д принтери, – изјави министерот за култура на Лима, Салвадор дел Солар.
Се верува дека таа била првата жена која владеела во оваа земја. Била припадничка на истоимената цивилизација и починала на возраст помеѓу 20 и 25 години.
“Дамата од Као”, како што беше наречена мумијата од жена, датира од времето околу 450та година, а е пронајдена во северозападниот дел на земјата во мај 2005 година.
Пред ова откритие се претпоставувало дека само мажи можеле да владеат во античко Перу.
Поддржете ја нашата работа: