Археолозите веруваат дека пронашле траги од досега непозната цивилизација

Во западниот дел на Индија, во државата Махараштра се откриени постари уметнички дела за кои се верува дека се стари десетина илјади години, а кои упатуваат на изгубена индиска цивилизација.

Откриени се петроглифи на врвот на ридот во регионот Конкак, западно од Махараштра. Повеќето од цртежите се изгравирани на карпестите, рамни врвови на планината и останале незабележани илјадници години.

Повеќето од нив биле прекриени со земја и кал, но неколку цртежи останале на отворено. Тие се сметаат за свети и се обожавани од страна на локалното население.

На оваа локација можат да се видат изрезбани цртежи од животни, луѓе, птици и геометриски облици. Нивната разновидност ги шокирала археолозите.

Начинот на кој биле нацртани петроглифите и нивната сличност со оние пронајдени на други делови од светот, ги навеле експертите да веруваат дека се создадени во праисториски времиња и дека можеби се меѓу најстарите досега откриени.

Заслугите за откривањето на овие цртежи припаѓаат на истражувачите предводени од Судир Рисбуд и Маноџ Марти, кои ја започнале потрагата откако наишле на неколку од овие резбарии на камен и помислиле дека сигурно има уште. Петроглифите се пронајдени во 52 околни села, но само само едно население од 5 села знаеле за постоењето на овие петроглифи.

“Нашиот прв заклучок при изучувањето на овие петроглифи е дека настанале околу 10.000 години пред новата ера”, вели директорот на археолошкиот отсек во Махараштра, Теџаш Гарг.

Не е најјасно зошто некои од петроглифите прикажуваат животни како нилски коњи и носорози кои воопшто не живеат во оваа област.

Се поставува прашањето дали творците на овие фотографии се луѓе кои мигрирале од Африка во Индија, или можеби тие животни некогаш живееле во Индија.

Владата на Индија одвоила 3,2 милиони долари за понатамошно истражување на околу 400 идентификувани петроглифи.

Поддржете ја нашата работа: