Решена мистеријата на Швајцарското сирење

По речиси еден век на истражување, научниците во Швајцарија конечно открија зошто швајцарското сирење има дупки. Се чини дека тоа е резултат на малите ронки сено кои паѓаат во млекото во текот на производството и му го даваат на швајцарското сирење карактеристичниот изглед, според експертите од „Agroscope“, владина група за земјоделски истражувања.

Во 1917 година, американскиот Вилијам Кларк станал првиот научник кој систематски го проучил потеклото на дупките во швајцарското сирење, и тој објавил детален извештај во „Journal of Dairy Science“. Тој заклучил дека јаглеродниот диоксид жуборка од микроскопските бактерии кои лебдат во млекото. Сепак, Кларк не можел да обезбеди точен опис на механизмот на формирање на меурите. Оттогаш, огромен број на истражувачи од целиот свет се обиделе да го утврдат потеклото на дупките.

Во извештајот, експертите од „Agroscope“ велат дека ја решиле оваа здодевна научна загатка. Користеле КТ-скенови на швајцарското сирење во текот на 130 дена за да следат каде и како се формираат дупки. Тие откриле дека со менување на бројот на честички од сено во млекото кои се користат за производство на сирење, можат да го контролираат бројот на дупки кои се појавиле.

Нивните наоди исто така објаснуваат зошто во текот на изминатите 10-15 години швајцарското сирење во продавниците има се помалку и помалку дупки. Денес, млеко се филтрира преку современи машини за молзење, и не е изложено на природна средина -штала, па честичките од сено не добиваат шанса да се населат во млекото и да формираат дупки.

Останува да видиме дали ова објаснување ќе остане на сила, затоа што другите истражувачи веќе се во потрага по дупки во теоријата.

Поддржете ја нашата работа: