Дали би платиле 25.000 долари за телефон што не е ни смартфон ?
Телефонот е украсен со мотиви од православието, на позадината има слика од православен крст, изработена во посебна техника со листови од злато, што се користи при изградба на цркви и куполи, копчињата се исто така уредени во форма на крст и се изработени од 18 каратно злато.
Московската компанија „Gresso“ ќе претстави само 988 примероци.
Овој број не е случаен, бидејќи ја симболизира годината на покрстувањето на Русите.
Секој апарат има единствен број од 001 до 988, па купувачите по сопствен избор ќе можат да го изберат посакуваниот реден број.
Специјален е и софтверот, како што наведуваат.
Телефон е со 2 SIM картички, има меморија од 32 гигабајти и камера од три мегапиксели. Тежи 125 грама, а гаранцијата е една година што е малку чудно за телефон кој чини 25.000$