Одделот за домашна безбедност на САД и Канцеларијата на директорот на Националното разузнавање објави соопштение во кое се тврди дека „руската влада е режисерот на последните компромитирања на мејлови на лица и институции од САД, вклучително и на Американските политички организации

Изјавата продолжува:

„Неодамнешното објавување на наводните пробиени мејлови на сајтови како „DCLeaks.com“ и „Викиликс“ и од страна на онлајн персона „Guccifer 2.0“ се во согласност со методите и мотивите на руски-режирани напори. Овие кражби и обелоденувањата се наменети за мешање во изборниот процес на САД. Таквата активност не е нова за Москва, Русите користат слични тактики и техники во Европа и Евроазија, на пример со цел да влијае врз јавното мислење таму. Ние веруваме врз основа на обемот и чувствителноста на овие напори, дека само високи службеници на Русија може да ги одобрат овие активности“.

Интересно е што уште многу порано годинава кога беа хакирани некои од Американските организации и институции, некои амерички безбедносни служби упатуваа на Русија,

Кој го хакираше Америчкиот систем за избори?

меѓутоа ова е прв пат преку официјално соопштение на двете моќни амерички безбедносни институции да се покаже официјално со прст кон Русија.

Одделот за домашна безбедност на САД изјави и дека има формирано и посебно тело кое составено од повеќе експерти кое треба да ги запознае сите владини институции со ризикот од сајбер напади како и нивната улога врз изборниот процес.

Од друга страна, како што се ближат изборите во САД, горенаведените интернет портали како „Викиликс“ објавуваат поинтензивно се покомпромитирачки материјали и информации.

bigstock-hacker-typing-on-a-laptop-44548564

 

Поддржете ја нашата работа: