Остатоците од изумреното суштество – особено ретко и историско откритие, со оглед на неговата старост – беше предадено на Академијата на Науките во Јакутск, главниот град на републиката Саха (Јакутија) во средата на 25 февруари. Бебето волнен носорог било откриено минатиот септември од Александр Бандеров, ловец и бизнисмен и негов пријател на десната страна по течението на реката „Semyulyakh“.
Черепот и лицето на младенчето се сосема јасно видливи, а увото, едното око, ноздрите и забите се во добра состојба, исто како и волната. Биле пронајдени и остатоците од два рога, иако трупот кој тежи околу 60 килограми, бил половина изглодан. Сега, руските научници ќе се обидат да извлечат ДНК и да спроведат одредени тестови за да се дознае точната возраст на младенчето и датумот кога починало.
Волнестиот носорог за кој се верува дека изумрел пред околу 10 000 години, вообичаено се наоѓал на територијата на Европа и северна Азија за време на епохата Плеистоцен . Иако го преживеале последното ледено доба, нивното изумирање веројатно се должи на климатските промени или поради ловот од луѓето. Затоа се смета дека пронајдените остатоци се стари најмалку 10 000 години. Научниците сметаат дека младенчето било околу 18 месеци старо кога починало.
Ова откритие е уникатно бидејќи досега не било откриено бебе носорог. Во 21-ви век, има само еден случај, во 2007 година кога е пронајдено тело од смрзнат возрасен волнест носорог во Јакутија. Во текот на 20-тиот век биле пронајдени мумифицирани волнести носорози, но не биле употребливи за проучување. Уште две други мумии од возрасни носорози биле пронајдени во Краков во Полска и Лвов во Украина.
Генерално, волнестите носорози се помалку проучувани од мамутите, а нивните младенчиња ѝ се се’ уште помалку познати на науката. Руските и странските научници што се вклучени во истражувањето се надеваат дека „Саша“ ќе помогне да се расветлат условите во кои живееле овие животни. Се очекува првите резултати од истражувањето да се појават за неколку недели, додека за подетални анализи ќе бидат потребни и до шест месеци.
„Саша“ беше именуван по Бандеров кој го го пронашол и го предал на Академијата на Науки на Република Саха.