Се ослободуваат бактерии стари милиони години

СПОДЕЛИ

Низ вековите луѓето опстојувале заедно со разни вируси и бактерии, од чума до големи сипаници, и сето тоа поради развојот на имунитетот и лековите. Меѓутоа, што би се случило кога одеднаш би биле изложени на вируси и бактерии кои илјадници години биле заспани во вечниот мраз и со кои никогаш не сме се сретнале?

Според едно истражување објавено во BBC, светот е можеби на чекор до тоа, бидејќи се поголема е опасноста од топење на поларната ледена кора поради глобалното затоплување, што сигурно ќе ослободи некои од древните микроорганизми заробени во вечниот мраз, пермафрост.

Во август 2016 година во оддалечен дел на Сибир, во Јаман Пенисули, починало 12-годишно момче, а уште 20 лица биле однесени во болница поради појава на антракс. Истрагата покажала дека пред околу 75 години на тоа место починал ирвас заразен од оваа болест кој потоа се замрзнал, а во летото 2016 година поради топлина се истопил дел од мразот и вирусот се ослободил. Тој стигнал до почвата и водата и освен луѓето, заразил и убил повеќе од 2.000 ирваси.

Научниците стравуваат дека ова немора да значи дека е единствен случај, бидејќи во последно време глобалното затоплување зема голем замав. Во нормални околности, секое лето се топи околу 50 см мраз и повторно се замрзнува, но оваа бројка секоја година се зголемува, ослободувајќи така се постари делови на мраз и она што се наоѓа на него.


„Мразот е најдоброто можно окружување во кое можат да преживеат многу микроорганизми, бактерии и вируси, и тоа илјадници години, а сето тоа поради ниските температури, темнината и недостатокот на кислород“, вели Жан-Мајкл Клавари, за Аикс Маршал Универзитетот во Франција.

Тој напоменува дека во мразот веројатно се наоѓаат микроорганизми кои во минатото предизвикале глобални епидемии кај луѓето и животните, како што е шпанскиот вирус, бидејќи труп од починат човек од оваа болест бил пронајден во тундрата во Алјаска.

Овој став бил потврден во 2005 година кога научници од НАСА успеале да оживеат бактерија стара 32.000 години наречена Carnobacterium pleistocenium, која исто така се наоѓала на Алјаска. Две години подоцна, успеале да оживеат и бактерија стара осум милиони години, најдена на длабочина од глечер на Антарктикот.

Вирусите, бактериите и други древни микроорганизми, можат да се најдат во длабоки рудници, пештери, мориња и океани. Така во февруари оваа година, исто така научници од НАСА во мексикански рудник пронашле микроби стари 50.000 години.

Она што најмногу ги загрижува научниците е фактот дека сите тие микроорганизми се сосема непознати за денешното разбирање, бидејќи медицината е развиена многу години после постанокот на микробите. Поради тоа не се знае каков ужас би предизвикале тие доколку се ослободат, ниту како светот ќе се бори со епидемии од глобален размер.

Останува да се надеваме дека топењето на мразот ќе ослободи болести кои ни се познати и дека нема да дојде до исчезнување на човекот, пишува BBC.

 

 

 

 

Дискусија

Коментари