Како деца, многу од нас седеле пред телевизорот во сабота наутро, посакувајќи ликовите од замислените светови да го населат и нашиот. Сега, една турска компанија наречена „Letvision“ работи na toa да го направи тој сон реалност. Тие неодамна ја претставија својата машина инспирирана од Трансформери, која започнува како пристојно „BMW“ купе, и со работата на хидрауликата и сервото го открива својот вистински идентитет на огромен хуманоиден робот.
За жал, се$ уште не можат да се купат, но ова е сепак само првиот чекор за „Letvision“. И колку и да звучи супер да се има свој Трансформер, може да биде разочарување кога ќе дознаете дека „Letrons”, како што тие се нарекуваат, не можат да направат ништо друго освен да мрдаат со главата и рацете. Но, како и многу други технолошки проблеми, парите можат да го решат ова. Според „Letvision“ може да се додаде и функцијата за одење доколку се обезбедат разумни финансиски средства за нови истражувања и развој на проекти.
https://www.youtube.com/watch?v=2e6BlH_SP7k