Шест дена трагаа по бугарскиот велосипедист, но требаше да го најдат побрзо

Шест дена бугарската војска и спасувачите ја чешлаа Стара планина во потрага по 34-годишниот велосипедист Мирослав Касовски. Над 300 војници, возила и дронови беа ангажирани да го пронајдат телото на Мирослав чиј траг се губи на 27-ми октомври, откако се слушнал со своите по телефон. Се’ што знаеа за него дека е 10 километри одалечен од врвот Ботев.

Но, неговата несреќа никогаш не требаше да се случи. Особено не денес кога технологијата е доволно напредна да може да ги лоцира и заштити велосипедистите во случај на незгода, да им понуди сигурност во нивните авантури низ дивите предели. Бидејќи тоа е убавината во професионалниот велосипедизам, да се предизвикаш себе си, да истражиш нови диви локации и да бидеш сигурен додека го правиш тоа.

Се’ што ви е потребно за да бидете безбедни треба да биде телефон кој ќе се грижи за вашата сигурност, и кој ќе ги извести вашите пријатели дека сте имале несреќа. Следење на GPS-от во реално време не е нова технологија, но е потценета кога се работи за сигурноста на луѓето, посебно на авантуристите и велосипедистите.

img_7068

„Неодамна имавме застражувачко искуство кога еден член од тимот доживеа несреќа на една од нашите тури. Ниту знаевме каде се наоѓа, ниту што му се случило, и мораше навечер да се враќаме назад да го бараме. За среќа тој имаше мал потрес на мозокот и помина добро“, вели Иван Ивановски, „CEO“ на „Bike Computer“.
img_6946Одлучни никогаш повеќе да не стравуваат за безбедноста на велосипедистите со кои одат на тури, тимот на „Bike Computer составен од искусни програмери и страствени велосипедисти, изработија мобилна апликација која ќе понуди поголема сигурност. Се работи за апликација која има „Keep me Safe“ опција што праќа SMS пораки до вашите најблиски со точното време и локација во случај на незгода.

„Жал ни е што му се има случено на Мирослав. Сочуство и за неговото семејство, и би сакале да може да им помогнеме на некој начин. Но, ова никогаш не требаше да се случи. Постојат решенија што можат да ја зголемат сигурноста на велосипедистите, и ние треба да ги најдеме“, вели Иван.

„Bike Computer“ ќе ја понуди бесплатно „Keep me Safe“ опцијата на сите велосипедисти од Бугарија и Македонија.img_6825

Поддржете ја нашата работа: