Шест знаци кои најавуваат срцев удар

Срцев удар, устрел или миокарден инфаркт) е израз што се користи кога коронарната артерија наеднаш ќе се затне со грутка крв и делот од срцевиот мускул што е снабдуван од таа артерија ќе се оштети, затоа што е лишен од кислород.

Медицинскиот израз за ова неочекувано блокирање со грутка крв (тромб) на срцевата артерија се нарекува коронарна тромбоза или коронарно затнување. Медицинскиот израз за постојано оштетување на срцевиот мускул е срцев инфаркт (myocardial infarction).

Во Македонија, според податоците на Институтот за јавно здравје, дневно умираат по четворица луѓе како последица на инфаркт.

Затоа, обратете внимание на овие шест знаци кои можат да се појават и еден месец пред да се случи срцев удар:

1. Замор

Ако наеднаш чувствувате замор без никаква причина може да биде знак дека срцвиот удар е на пат. Ова може да го тестирате со едноставни физички активности, како качување по мал број скали. Ако се чувствувате исцрпени, можеби треба да разговарате со доктор.

2. Краткотрајност на здивот

Доколку срцето не добива доволно крв, тоа значи и дека белите дробови добиваат малку кислород, помалку отколку што е нормално. Доколку имате проблеми со дишењето задолжително посетете лекар, бидејќи овој симптом би можел да значи и закана за срцев удар.

3. Чувство на слабост

Доколку чувствувате слабост, тоа е затоа што одеднаш артериите стануваат потесни и не му допуштаат на крвотокот да циркулира правилно. Тогаш мускулите не го добиваат она што им е потребно и може да се случи несакан настан.

4. Вртоглавица и студена пот

Слабата циркулација е виновник за ограничениот проток на крв во мозокот, а тоа е опасно по вашиот живот. Во таква ситуација ќе почувствувате вртоглавица и студена пот. Не ги игнорирајте ваквите знаци.

5. Притисок во прстите

Доколку имате рани симптоми на срцев удар ќе почувствувате и немир во прстите, мала болка и висок притисок. Овие симптоми зачестуваат до денот на срцевиот удар.

6. Симптоми на грип и настинка

Зачестените симптомите на настинка, може да бидат знак на срцева слабост. Како срцето се бори да остане во чекор со количината на крв што е потребна за телото, крвта протекува назад во белите дробови. Обрнете внимание да слузот од кашлицата, дали е обоен бело и розово.

Поддржете ја нашата работа: