Дали шимпанзата можат да планираат однапред ?

Шимпанзата наоѓаат  место за спиење на патот кон храната и ризикуваат, движејќи се во темнината, доба кога предаторите се активни, за да ја најдат посакуваната, потешко достапна храна, како на пример смокви. Студијата е објавена во „Зборникот на националната академија на науките

„Запознаени сме со трката со птиците за нашите цреши, или со верверичките за оревите и лешниците, но ова е специфична трка меѓу конкурентите од сите видови и на различни  локации во целиот свет“, вели Лео Полански, истражувач од Институтот за антропологија на Универзитетот „Дејвис“.

Истражувачите набљудувале кога и каде пет возрасни женски шимпанза ја поминуваат ноќта за време на 3 периоди карактеристични за одредена храна. Шимпанзата создале залихи за 275 дена.  Истражувањето се одвивало во националниот парк Таи, Брегот на слоновата коска.

Студијата дава докази дека шимпанзата флексибилно го планираат времето за оброк, видот и локацијата откако ќе соберат повеќе различни  информации.

„Долгорочните детални информации од областа може да ја откријат вредноста на високите нивоа на свесност и флексибилното однесување,  за ефикасно снабдување со „важна“ храна во сложени услови“, вели Полански.

Поддржете ја нашата работа: