Науката го објаснува трендот на „хипстерска“ брада кај мажите

За време на истражувањето, истражувачите анализирале примероци од влакна и други телесни украси (како на пример големиот црвен нос кај носестите мајмуни) кај 154 видови на примати. Откриле дека мажјаците во посложените групи кои вклучуваат поголема конкуренција имале повидливи украси од оние во помалите.

Во суштина, ова истражување покажува дека украсите на телото се позастапени во поголемите групи на примати каде што сигнализацијата на квалитетот и статусот на странците е од голема важност. Истото може да се примени и кај луѓето кои живеат во прилично големи општества, изјави д-р Кирил Грутер, главен автор на истражувањето.

 

Научниците веќе подолго време сметаат дека брадата прави мажите да се чувствуваат подоминантно и мажествено.

„Кога живееме во помали групи каде што секој се знае со секого, нема потреба од сигнализирање на квалитетот или конкуренцијата преку украси. Додека во поголемите групи каде што поединците се опкружени се странци, ни треба нешто по што ќе можеме да процениме нечија сила и квалитет, и тука доаѓаат украсите. Кај луѓето, тоа може да биде брадата или пак други предмети за декорација на телото, накит и сл“.

Истражувањето е објавено во списанието “Evolution and Human Behavior“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt