Долгорочнато сексуално вознемирување може да биде распространето во општествата на приматите

Сексуалната агресија кај приматите помеѓу мажјакот и женката може да биде потврдена, па дури и избрана низ еволуцијата. Истражувачите откриле дека машките павијани, или бабуни, кои често ги вознемируваат и напаѓаат женките, најверојатно со нив се парат и имаат потомство, што ја зголемува можноста таквото однесување ефективно да се зацврсти.

Не е непознато дека машките примати во некои случаеви ја принудуваат женката на парење. Младите мажјаци орангутани кои сеуште не се доволно стари и силни да држат своја територија, се забележани како патролираат по шумите додека не наидат на женка која ќе ја принудат на парење.

Нејасно е зошто мажјаците на промискуитетни видови примати често искажуваат агресивно однесување кон припадничките на спротивниот пол, а постојат неколку алтернативни теории кои се обидуваат да одговорат на тоа прашање. Женките од овој вид често имаат очигледни знаци како отоци, кои укажуваат на тоа дека се плодни и во овулација, и на тој начин привлекуваат поголем број мажјаци за парење.

Често се смета дека женките во овулација со оглед дека располагаат со ограничени ресурси, ги држат конците во рака, но се чини и дека женките имаат многу малку избор отколку што се мислело до сега.

“Ова истражување се придржува на се поголемиот број докази дека мажјаците користат тактики на присилба за да ги ограничат одлуките на женките кај промискуитетните примати, што го доведува во прашање опсегот на сексуална слобода оставена на женките во таквите друштва и сугерира дека сексуалното вознемирување има долга еволутивна историја кај приматите”, објаснува Алис Банел, лидер на студијата.

Женките кои се предмет на малтретирање се со поголема веројатност да изберат да се парат со мажјакот кој ги вознемирува отколку со оној кој не ги вознемирува. Тоа, агресивните примати ги прави поуспешни од другите припадници на видот, што би можело да биде показател на фактот дека таквото однесување е еволутивно избрано.

Зошто женките го поднесуваат ваквото однесување сеуште не е познато, но истражувачите тврдат дека тоа оди под рака заедно со стравот од повреди со кои би можеле да се здобијат доколку ги одбијат.

 

Поддржете ја нашата работа: