Овој систем, наречен „Hywind“, ќе биде развиен од страна на норвешката енергетска компанија „Statoil“ и се очекува да генерира доволно енергија за речиси 20.000 домови.
Првичниот систем ќе вклучува 5 пловечки турбини од по 6 мегавати кои се способни за генерирање на 135 GWh електрична енергија секоја година. За разлика од ветерните турбини на копното, овие турбини ќе бидат закотвени на морското дно, а енергијата која ќе ја произведуваат ќе се пренесува до брегот преку подводни кабли.
Ветерот претставува значителен обновлив извор на енергија и со оглед на претпоставката дека до 2020 светот ќе добива една четвртина од електричната енергија од обновливи извори на енергија, ова претставува значајно достигнување во таа насока.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























