Што е невропатија?

Периферна невропатија (или едноставно „невропатија”) се однесува на која било состојба која им штети или ги загрозува нервите во периферниот нервен систем. Периферниот нервен систем е мрежа на нерви која го поврзува централниот нервен систем, кој се состои од мозокот и ‘рбетниот мозок со остатокот на телото.

Постојат три типа на нерви на периферниот нервен систем: моторните нерви кои го регулираат движењето на мускулите под свесна контрола, автономните нерви со кои се регулират телесните функции надвор од вашата контрола и сензорните нерви кои носат пораки од сетилните органи во мозокот.

Експертите идентификувале повеќе од 100 видови на периферни невропатии, според Националниот институт за невролошки пореметувања и мозочни удари. Точните симптоми на различните невропатии зависат од погодените нерви.

Луѓето со невропатија на моторните нерви обично доживуваат болка во мускулите. Тие, исто така, може да страдаат од грчеви, болки во мускулите и губење на коскената маса, како и промени во кожата, косата и ноктите.

Симптомите поврзани со автономната невропатија се различни и зависат од погодените органи или жлезди. На пример, ако нервите на потните жлезди се оштетени, едно лице може да ја изгуби способноста за нормално потење. Оштетувањето на други автономни нерви може да резултира со дијареа, констипација, губење на контрола на мочниот меур, абнормален крвен притисок и срцеви отчукувања, вртоглавица или несвестица кога се качува по скали или пак стои.

Невропатијата на сензорните нерви може да резултира со различни комплексни симптоми, како што се општа вкочанетост, губење на координацијата и рефлекси, сензации на горење и зголемена болка, или пак неспособност да се почувствува болката.

Постојат многу начини на кои невропатијата се развива. Одредени невропатии се наследени, како што се оние поврзани со болеста „Charcot-Marie-Tooth“, наследно невролошко нарушување.

Почесто, сепак, невропатиите се стекнуваат од физичка траума, токсини, лекови за рак, алкохолизам, недостаток на витамини, автоимуни заболувања и метаболички нарушувања, вклучувајќи и дијабетес.

Иако не постојат третмани за наследените, стекнатите невропатии, понекогаш може да се третираат со решавање на основната причина – на пример, со коригирање на недостатоците во исхраната, физикална терапија или откажување од алкохол.

Поддржете ја нашата работа: