Што има на Северниот Пол?

Кога ќе се спомене Северниот Пол, веднаш се асоцираме на огромен студ, резерви на нафта, Дедо Мраз или неколку други работи, во зависност од возраста и интересите.

Но, всушност, реалноста за Северниот Пол е малку посложена и веројатно не е она што си го замислувате.

Името „Северен Пол“ се однесува на една точка, но всушност, има повеќе Северни Полови, во зависност од перспективата.

Постои географски Северен Пол, каде што се спојуваат сите линии на надморска височина (на мапите) формирајќи го т.н. „врв на светот“.

Потоа, постои моментален Северен Пол, кој се менува во зависност од познатото „нишање“ на Земјата и се дефинира како точката каде што ротационата оска на планетата се допира со површината на Земјата.

shutterstock_267738107-768x768Како „понаучни“ Северни Полови се магнетниот и геомагнетниот. Магнетниот пол е точката каде што магнетното поле на Земјата е целосно вертикално, додека геомагнетниот пол е најсеверната точка заснована на магнетното поле на Земјата, како тоа да е основен магнет или дипол.  Всушност, магнетното поле е многу посложено од едноставен магнет со северен и јужен пол и магнетниот Северен Пол се менува секој ден.

За разлика од Јужниот Пол, кој се наоѓа на огромна земјена маса (Антарктик) со просечна надморска височина од 2.286 метри, Северниот Пол претставува релативно тенок слој на арктички мраз со просечна надморска височина од 0,3048 метри. Поради оваа причина, Северниот Пол е значително потопол од Јужниот (ја апсорбира топлината од Арктичкиот Океан околу него и под него). Со промената на сезоните, овој тенок слој на мраз се проширува и се намалува секоја година, но со оглед на глобалното затоплување, секое лето станува се’ помал и помал.

shutterstock_167348594-768x512„Вистинскиот“ географски Северен Пол не е особено гостопримлив, но има неколку места кои луѓето сакаат да ги посетат. Повеќето посетители на Сверниот Пол се научници, истражувачи или богати патници на кои не им пречи да потрошат илјадници долари за да ги видат поларните мечки, сантите мраз и другите знаменитости во близина на Северниот Пол.

Сè до 1999, Северниот Пол се сметаше за меѓународна територија, но по топењето на мразот неколку земји пробаа да преземат делови од водата и крајбрејжето, поради можните ноѓалишта на нафта и гас. Така, технички, Северниот Пол е поделен помеѓу Русија, Америка (преку Алјаска), Канада, Данска (преку Гренланд), Норвешка и Шведска. Најмалку 30% од светските резерви на нафта се наоѓаат на Арктикот, па интересот за истражување на овој регион е се’ поголем.

Арктичкиот регион е фасцинантно и мистериозно место и ако некогаш имате шанса треба да го посетите – само осигурете се дека сте го избрале вистинскиот Северен Пол.

Поддржете ја нашата работа: