Што може да се направи од стара гума за џвакање?

Ана Булус, младата британка која го истражувала хемискиот состав на гумата за џвакање открила дека основата на гумата е синетичка гума, вид на полимер сличен на пластиката.

“Таа состојка се вика полиизобутилен. Се добива од петрохемикалија односно главна суровина за една современа хемиска индустриска гранка,петрохемиската индустрија,од која се добиваат пластични материјали,синтетички влакна,детергенти,експлозиви,пестициди итн.”, објаснува Ана.

Ана Булус сфатила дека гумата за џвакање, дури и кога нејзината намена е потполно искористена и кога била фрлена – сеуште е сестран и потенцијално корисен материјал.

Таа поминала цели осум месеци во лабораторија се додека не пронашла добар начин со чија помош старите гуми за џвакање може да се претворат во нов корисен материјал.

Најпрво старата гума за џвакање ја претворала во пена, потоа во пената додавала повеќе супстанци кои не сака да ги открие, за на крајот да добие материјал сличен на гума која може да се употреби за изработка на разни нови предмети.

Ова се чини како одлично решение, но како да се убедат луѓето да донираат искористени гуми за џвакање наместо да ги фрлаат во отпадни канти или на улица? -Како дел од својата стратегија, Ана создала светло-розеви садови од меурчиња, кои се посебно наменети за одлагање на искористените гуми за џвакање, наречени Gumdrop.

Интересно е да се напомене дека садовите се изработени исто така од стари искористени гуми за џвакање.

Уште еден предизвик за Ана претставува да пронајде партнери во индустријата спремна за рециклирање на стари гуми за џвакање.

Најпосле пронашла еден погон за рециклирање во Ворчестер за соработка. Тие го собираат нејзиното собрано “ѓубре” па ги филтрираат несаканите матеијали, како хартија и некои благи додатоци, потоа го мелат на парчиња за на крај сето тоа да го спојат со други рециклирани пластични полимери.

Уделот на гума за џвакање во таа цела мешавина варира, но Ана вели дека секој предмет кој она го дизајнирала содржи најмалку 20% гума за џвакање.

Ана не застанува со својата идеја, вели дека нејзината најголема желба од гума за џвакање е да произведе чизми.

Поддржете ја нашата работа: