Што ни откри „NASA“ за „Europa“ ? (+Видео )

Пред некој ден се одржа пресконференцијата каде тим научници од НАСА ги презентираа најновите податоци и истражувања што се направени врз сателитот на Јупитер „Европа“.

Иако со сигурност никој не може сега за сега 100% да ги потврди наодите, сепак тимот смета дека од опсервациите кои се вршени врз Европа може да се заклучи дека од внатрешноста на оваа месечина на Јупитер повремено се појавуваат ерупции кои исфрлаат пареа во атмосферата за која податоците укажуваат дека е водена пареа што доаѓа од длабочините на месечината која има замрзната површина.

Научниците исто така веруваат дека испод замрзнатата површина на Европа постои огромен океан од вода во течна состојба што го прави ова место едно од ретките во нашиот Сончев систем со потенцијал за пронаоѓање на некоја форма на вонземски живот.

Со цел да се потврдат овие сега за сега само претпоставки, НАСА ќе продолжи со истражувањата на Европа и се очекува дополнителни податоци да даде новиот моќен телескоп Џејмс Веб кој ќе се лансира во 2018 година и ќе ја скенира Европа за активности во инфрацрвениот светлосен спектар.

Комплетните истражувања на тимот научници на НАСА ќе можете да ги најдете во најновата публикација на научното списание „Astrophysical Journal“ кое ќе излезе на 29 Септември.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt