Што се крие позади убавата глетка на Новозеландските пештери

За оваа прекрасна глетка во  пештерите „Waitomo“ на Нов Зеланд, одговорни се инсектите кои ги користат светлечките лепливи мрежи за да го уловат својот плен.

На илјадници сини светла, блескаат како ѕвезди на небото и привлекуваат бројни туристи, но многу од нив остануваат изненадени кога ќе дознаат што навистина се крие позади оваа неверојатна сцена.

Јанек фон Бјерн, зоолог од Универзитетот во Виена, го проучувал мукозниот секрет кој го излачуваат овие необични суштества, со тоа што поминал повеќе месеци во мрачните пештери, заедно со своите колеги.

Овие животни всушност се светлечки црви кои му припаѓаат на видот „Arachnocampa luminosa“: името „arachno“ го добиле поради своите свиленкасти стапици, како што користат пајаците, а името „luminosa“ затоа што светат.

Кога ларвите ќе излезат од јајцата, по должината на таванот и ѕидовите ја пуштаат својата свилена мрежа, долга дури до 0.3 м. Потоа мрежата ја лигават со секрет, кој се формира во топчиња. Мрежата, поради својата посебна структура ја впива водата од влажната средина, и потоа се шири. Ова лепило се состои од 99% вода, а секретот од протеини, соли и уреа.

Со цел да ја привлече својата жртва, светлечкиот црв ја осветлува својата мрежа на топчињата, а потоа проверува дали се залепил пленот. „Тие ја влечат мрежата, потоа ја јадат, па повторно ја влечат, и така се додека не дојдат до плен“, вели д-р фон Бјерн.

Научниците собрале илјадници конци од мрежа, па ги тестирале со бројна опрема, која ја внесувале и изнесувале од пештерите. Испитувањата морале да ги вршат внатре, бидејќи кога ги изнесувале мрежите надвор, топчињата исчезнувале поради промена во количината на влажност во атмосферата. Д-р фон Бјерн вели дека топчињата исчезнуваат кога влажноста на воздухот е помала од 80%, а без својата леплива мрежа светлечките црви гладуваат.

Со доаѓањето на туристи, температурата во пештерите почнувала да се менува и да се намалува влагата. Се зборува дека некогаш во пештерата влагата се променила, па црвите исчезнале и не се појавиле пола век. Денес, во некои пештери, има автоматски врати кои се затвораат веднаш по влегувањето и не се отвораат се додека влагата не се нормализира.

 

Поддржете ја нашата работа: