Со модерните компјутерски науки доминираат мажите, но тоа не било отсекогаш така.
Многу од пионерите во комјутерството – тие што први почнале со дигиталното компјутерско програмирање – биле жени.
Иако е тешко да се даде единствен одговор, сепак можат да се одредат неколку појдовни точки.
Бројот на жени во компјутерските науки во САД почнал да опаѓа кога персоналните компјутери влегле во домовите на Американците во значителен број. Овие компјутери во почетокот не претставувале нешто многу повеќе од играчки. Најчесто служеле за играње игри или да се изработи нешто во “Word” и скоро секогаш им се продавале на мажите и момчињата.
Идејата за компјутерите и “tech” култура секогаш се поврзувала со момчињата.
Филмовите што се појавија во ’80-тите како „Weird Science“, „Revenge of the Nerds“ и „War Games“, имаа речиси истоветен заплет – чудно момче, комјутерски гениј, кој користејќи ги компјутерските вештини ја победува „лошата среќа” и ја добива девојката.
Во ’90-тите, истражувачот Џејн Морголис, анкетирала стотици студенти по компјутерски науки од Универзитетот Карнеги Мелон, кој имал една од најдобрите програми во светот. Таа открила дека семејствата најверојатно попрво ќе купат компјутер за момчињата отколку за девојчињата – дури и тогаш кога девојчињата покажуваат вистинско интересирање за компјутерите.
Ова станува важно кога децата доаѓаат до колеџ. Бидејќи песоналните компјутери биле веќе вообичаена работа, професорите по компјутерски науки претпоставувале дека студентите израснале покрај компјутерите во своите домови и веќе ги имаат совладано основните познавања за комјутерите.
Во ’70-тите години вакво нешто не можело да се случи – професорите не претпоставувале дека студентите што доаѓаат на предавања веќе имаат предзнаења за компјутерите. Но, во `80-те тоа се сменило. Многу девојки немале можност да стекнат такви предзнаења, а тоа секако било и една од причините зошто тие не одбирале да студираат компјутерски науки.