Сите истражувања на НАСА ќе бидат достапни за сите

НАСА објави дека сите досега објавени истражувања кои се финансирани од вселенската агенција ќе бидат достапни на нов јавен веб портал на кој секој може да пристапи.

Оваа бесплатна он-лајн архива доаѓа како одговор на новата политика на НАСА која бара секое истражување кое е финансирано од НАСА и објавено во рецензирани списанија да биде јавно достапно во текот на една година од објавувањето.

„НАСА ја празнува оваа можност да го прошири пристапот до широкото портфолио на научни и технички публикации“, вели заменик администраторот на НАСА. „Преку отворен пристап и иновации ја покануваме глобалната заедница да ни се придружи во истражувањето на Земјата, воздухот и просторот“.

Базата на податоци е наречена „PubSpace“ и јавноста може да пристапи во сите истражувања кои се финансирани од НАСА на тој начин што ќе го пребарува она за што е заинтересирана, или пак ќе ја разгледа целата база. Во моментов има 861 истражувачки трудови и се очекува тој број да продолжи да расте.

Во базата на податоци не се вклучени патенти, материјали заштитени со правото на приватност, комерцијални или безбедносни закони.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.приближно по тековен курс · 07.11.2026 16:36

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.