Следниот месец ќе се одржат Бионички Олимписки игри

Следниот месец, повеќе од 50 тимови од целиот свет ќе се сретнат во близина на Цирих, Швајцарија, за да ги демонстрираат своите вештини во манипулирањето на компјутерски карактери, да одат нагоре и надолу по скали со моторизирани инвалидски колички и да собираат предмети со бионички раце.

Овие активности се дел од првата бионичка олимпијада на светот, наречена „Cybathlon“, која ќе започне на 8 октомври и ќе ги собере најдобрите светски научници и хендикепираните корисници на протетика на едно место.

Овој настан во суштина е бионичка верзија на Олиписките игри која ќе ги нагласи новите роботски помагала кои можат да им помогнат на луѓето со физички хендикеп полесно да се справат со секојдневниот живот.

Тимовите се состојат од мали истражувачки групи до некои од најголемите комерцијални произведувачи на протези, а учесниците ќе бидат хендикепирани луѓе кои ќе се натпреваруваат во еден од шесте настани кои користат егзоскелети, контролори на мозочните бранови, протетски раце и нозе, моторизирани инвалидски колички и велосипеди за стимулација на мускулите.

20160722_exoskeleton_410

cyborg-bci-full

Победниците (и хендикепираните лица и креаторите на уредите) ќе бидат наградени.

cybathlon_fes_15

Организаторите се надеваат дека овој настан ќе поттикне нови истражувања за овие технологии, на истиот начин како што трките „NASCAR„ и „Formula One“ доведоа до напредок на автомобилската индустрија. Тие дури и формирале симпозиум за истражувачите да разговараат за своите технологии на лице место.

Доколку се помине во најдобар ред, неколку земји ќе продолжат со понатамошно подобрување на уредите, а според „Nature“, настанот повтроно ќе се одржи во 2020 година и ќе трае 7 дена, со тоа што ќе се совпаѓа и со главните Олимписки игри кои ќе се одржат во Токио.

Поддржете ја нашата работа: