Слонот спие најмалку од сите цицачи

Спењето е биолошки императив. На некои им треба повеќе сон од другите, некои спијат со половина мозок, а некои висат наопаку. Она што е факт кој се издига над се друго е тоа што сите цицачи спијат.

Слонот е најголемото копнено суштество, но исто така едно од оние кои најкратко спијат. Потребни му се само два часа за нормално да функционира. Она што е интересно за овие нежни гиганти е тоа што се чини дека бараат малку РЕМ спиење, се вели во новата студија објавена во PLOS One.

За да го истражат спиењето на слоновите во дивината, Пол Мангер и неговиот тим спровеле неконвекционален пристап. Во немоќ да делуваат со нормален пристап, тие вградиле сензори за движење во нивното тело на два диви Африкански слонови од Националниот парк Чобе во Боцвана, и ги следеле 35 дена.

Времето кога сензорите на нивните тела биле неактивни, истражувачите го сметале за време додека слонот спие. Ова не е неразумна претпоставка бидејќи сензорот повторно се активирал само што слонот почнува да се буди.

Во просек, тие откриле дека слоновите спијат само два часа на ден. Слонот е полифизичко животно, што значи дека тој оди на спиење повеќе пати во текот на 24 часа, обично околу 02:00-06:00 наутро.

Слоновите можат исто така да одат без спиење до 48 часа, патувајќи 30 километри. По некое правило поголемите цицачи имаат тенденција да спијат помалку од малите. Сепак, големината не секогаш го диктира спиењето. Авторите напоменуваат дека сивите китови спијат најмалку 9 часа, жирафата 4-6 часа, а домашниот коњ 2часа и 53 минути. Од овде е јасно дека потребата од дремка не е спакувана во големината на цицачот.

Можат да постојат многу фактори кои го обликуваат спиењето на слоновите, вклучувајќи ја неговата телесна тежина, условите на животната средина, трофичката позиција, ризикот од предатори и друго. Нивната релативно ниска трофична позиција – ниво во синџирот на исхрана значи дека тие конзумираат големи количини на нискокалорична храна, кора бара голем дел од нивниот ден посветен на варење на храната.


Поддржете ја нашата работа: