Снимена нaјголемата експлозија после Биг Бенг

Галактичкото јато, што на оваа слика е обоено во сина и флуоресцентна розева боја, е местото каде се одвива најмоќната експлозија после Биг-Бенг.

Оваа експлозија се одвива континуирано во последните 100 милиони години и ослободува енергија колку стотици милиони блесоци од гама зрачење. Експлозијата ја создава најголемата црна дупка од познатиот универзум, која е 10 милијарди пати поголема од масата на нашето Сонце.

Астрономите пресметале дека оваа огромна црна дупка проголтала маса скоро 600 милиони пати поголема од Сонцето, за да може да генерира толку моќна експлозија.

Сликата е креирана со комбинација на податоците за Х-зраците и радио брановите со оптичките слики од телескопот Хабл.

Х-зраците се прикажани во сина боја и се детектирани од Опсерваторијата „Chandra“ на НАСА. Тие го покажуваат топлиот гас кој го сочинува најголемиот дел од масата на ова огромно галактичко јато. Во средината на сликата, со розева боја се прикажани огромните празнини, секоја со димензии над 600.000 светлосни години во дијаметар, кои се создадени од моќните суперсонични млазеви од гигантската галаксија.

Овие празнини се исполнети со магнетизирани високо енергетски електромагнетни зрачења, кои се детектирани од „VLA“- радио телескопот.

Се смета дека повеќето, а можеби и сите галаксии содржат супер масивни црни дупки. Астрономите сѐ уште се обидуваат да одредат што се формира прво – црната дупка или галаксијата околу неа.

Галактичкото јато „MS 0735.6+7421“ се наоѓа на оддалеченост од 2,6 милијарди светлосни години, во соѕвездието „Жирафа“.

Поддржете ја нашата работа: