Со јаболко против дебелината

СПОДЕЛИ

Научниците од  Државниот универзитет во Вашингтон велат дека несварливите соединенија во јаболката, конкретно кај сортата „Грени Смит“, можат да помогнат во спречување на болестите поврзани со дебелината.

Oпшто земено, јаболката се добар извор на несварливи соединенија, но постојат разлики меѓу сортите, вели водечкиот истражувач.

„Резултатите од ова истражување ќе им помогнат на потрошувачите да ги идентификуваат сортите кои можат да помогнат во борбата против дебелината”.

Според концентрацијата на несварливите соединенија, сортата Грени Смит се наоѓа пред Браебурн, Фуџи, Гала, Златен делишес, Mекинтош и Црвен делишес.

Киселите зелени јаболка Грени Смит се корисни за развој на „пријателските“ бактерии во дебелото црево поради високата содржина на несварливи соединенија, вклучувајќи диетални влакна и полифеноли, како и ниската содржина на достапни јаглехидрати.

И покрај тоа што подлежат на џвакање, стомачна киселина и ензими за варење, овие соединенија остануваат непроменети кога ќе стигнат до дебелото црево. Таму, тие се ферментираат во корисни бактерии за цревата.

Јаболката Грени Смит, всушност, го изедначиле бројот на фекални бактерии кај дебели и слаби глувци. Ова откритие може да помогне во спречување на некои од заболувањата поврзани со дебелината, како што се неквалитетна функција на цревата и хронично воспаление што може да доведе до дијабетис. Рамнотежата на бактериските заедници во дебелото црево на дебелите луѓе е нарушена. Ова резултира со микробиолошки нуспроизводи кои доведуваат до воспаление и метаболички нарушувања.

Храната што ја конзумираме ја одредува рамнотежата на бактерии во дебелото црево. Здравата рамнотежа на бактериите во дебелото црево ги стабилизира метаболичките процеси кои влијаат на воспаленијата и чувството на ситост.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------