Со антиоксиданси од какао до подобра функција на бубрезите

still life of cocoa

Веќе е познато дека хранливите материи кои се наоѓаат во какаото ја подобруваат когнитивната функција и губењето на меморијата поврзана со возраста, но новите истражувања покажуваат дека тие исто така може да им помогнат на луѓето со хронична болест на бубрезите.

Хроничната болест на бубрезите претставува прогресивно губење на функцијата на бубрезите кое може да трае со месеци или години. Најчесто е предизвикана од висок крвен притисок или дијабетес и откако ќе се развие пациентите имаат поголем ризик за камења во бубрезите, рак на бубрезите или кардиоваскуларни болести – што е главната причина за смрт кај лицата со оваа болест.

Истражувачите од Германија сметале дека функцијата на крвните садови може да се подобри со помош на какаото, односно на антиоксидансите кои се наоѓаат во зрното. За да го докажат тоа, тие спровеле истражување на 57 лица кои биле на дијализа – процедура која се користи кај оние пациенти кои загубиле 85-90 проценти од функцијата на бубрезите, што е познато како краен стадиум на бубрежна инсуфициенција. На половина од нив им давале пијалок со по 900 милиграми антиоксиданси од какао секој ден, во период од 30 дена, додека другата половина пиела пијалок со истите хранливи материи, но без антиоксидансите од какао. По 30 дена, првата група имала подобра функција на крвните садови и помал дијастолен крвен притисок. Дали ова би ја намалило стапката на смртност се’ уште не е познато и треба дополнително да се испита.

Овие наоди со охрабрувачки за оние кои страдаат од оваа болест, но треба да се нагласи дека јадењето на чоколадо нема да помогне. Се’ додека овие антиоксиданси од какао не станат регуларен третман, третманот за хроничната болест на бубрезите останува контрола на телесната тежина, колку што е можно поздрава исхрана и водење активен живот.

Важно: Какаото содржи високи количини на калциум оксалати, околу 650 мг/100 грама. Кај луѓето што имаат тенденција да создаваат камења во бубрези, конзумирањето на поголеми количини, какао посебно во комбинација со калциум, може да ја влоши состојбата.

Поддржете ја нашата работа: