Здравата исхрана и редовното вежбање можеби не се секогаш забавни, но придобивките од активниот и здравиот начин на живот се големи.
Сега, истражувачите од Универзитетот Јорк ни даваат уште една причина за да почнеме да се храниме поздраво и да вежбаме, со нивното истражување кое покажува дека правилната исхрана и редовното вежбање може да ја одложат, а можеби и целосно да ја спречат појавата на деменција.
За целите на истражувањето, истражувачите ги разгледувале податоците на 45.552 лица на возраст од 30 до 80 години, кои учествувале во годишната анкета од 2012 година на канадската заедница (Canadian Community Health Survey). Наското станало јасно дека постои поврзаност помеѓу вежбањето, исхраната со многу овошје и зеленчук и задржувањето на когнитивните функции.
Имено, истражувањето покажало дека јадењето на 10 порции овошје и зеленчук дневно е поврзано со подобри когнитивни функции кај лица со нормална тежина, или со малку прекумерна тежина. Но, кога на тоа било додадено умерено вежбање, волонтерите кои јаделе помалку од 5 порции овошје и зеленчук се’ уште покажувале подобри когнитивни функции.
„Факторите како што се придржувањето до здрав начин на живот, вклучувајќи ја и исхраната богата со хранливи материи, редовното вежбање и адекватниот кардиоваскуларен профил, се чини дека се ефективен начин за да се зачува когнитивната функција и да се одложи когнитивниот пад“, вели главниот истражувач Алина Коен.
Според истражувачите, овие откритија сугерираат дека не мораме да го прифатиме когнитивниот пад како дел од стареењето, туку можеме да преземеме активни чекори за да го зачуваме нашето ментално здравје како што старееме.
Истражувањето е објавено во „Journal of Public Health, Oxford University Press“