Со сателити против рибарите

СПОДЕЛИ

Предводен од британаската технолошка фирма „Satellite Applications Catapult“ и поддржан од Фондацијата „Pew Charitable Trusts“, проектот што се нарекува „очите на морето“ ќе отвори „виртуелна соба за надгледување“.

Со помош на компјутер ќе можат да се видат сателитските снимки од водите околу Велигденските острови, чилеанска територија во југоисточниот Пацифик и островот Палау во западниот Пацифик, кои немаат доволно ресурси да го следат целиот илегален риболов што се случува во близината на нивните води.

Овој проект сега е во можност да го надгледува риболовот низ сите океани во светот. Технологијата ги анализира бројните извори на податоци од сателитските следења  во живо, што им овозможува на надгледувачите да се поврзат со информациите за земјата каде е регистриран бродот, како и историјата на сопственост, за да го забележат сомнителниот брод.

Овој систем ќе им овозможи на властите да изградат случај за бродовите кои работат незаконски и да делуваат против нив – велат од Фондацијата „Pew Charitable“. Претседателот на Палау вели дека неговата земја веќе била во можност да идентификува сомнителни бродови во своите води, со поддршка на овој систем.

„Собата за надгледување“ (watch room) е дигитална платформа на која владите можат да и пристапат од далечина, наместо физички во просторот. Поддржувачите на оваа програма планираат да ја прошират и во други земји во следните три години.

Илегалните рибари, чиј улов се проценува на 23,5 милијарди долари годишно, работат речиси неказнето во некои области за кои сметаат дека се безбедни од следење.Во некои региони и до 40% од вкупниот уловот се смета дека е незаконски.

„Потрошувачите и еколошките групи немаат начин да дознаат дали рибата што ја јадат е уловена незаконски, но сега новиот сателитски систем може да помогне тоа да се промени“, вели поранешната министерка за екологија на Шпанија, Кристина Нарбона.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------