Китови кои го крадат уловот на рибарите

Китовите се супериорни ловци кои научиле да ги надмудруваат рибарите, објаснуваат биолозите.

Судејќи според извештајот за Anchorage Daily News, групите китови кои често ги нарекуваат китови убијци, веќе од неодамна ги малтретираат рибарите, така што во последен момент им го крадат уловот, пред рибарите да се подигнат на бродот.

Еден од нив. Џон МекХенри, вели дека се се случува премногу брзо за да се стигне да се реагира, бидејќи орките се покажуваат само кога се доволно спремни и организирани да загризат и да го земат пленот.

National Post пишува дека орките научиле да се однесуваат во вакви ситуации и точно знаат дека рибарите имаат риба, и кога точно е моментот за кражба. Тоа секако е во моментот кога рибата загризала во туѓа јадица. Освен тоа ја јадат и низ мрежата за ловење која ја уништуваат со голема брзина.

Капетанот Роберт Хадсон се жали на властите дека изгубил илјадници килограми риба и троши голема количина гориво за да ги престигне китовите. Според зборовите на биологот Џон Моран, ова и не треба да не чуди.

Китовите се супериорни ловци кои со текот на времето научиле да ги надмудруваат рибарите. Препознаваат и помнат звуци, не само од бродовите на рибарите туку и звукот на спуштање на мрежата и опремата во морето. Навикнале и дека спуштањето на мрежа, значи дека во неа наскоро ќе се најде голема гозба, објаснува Моран.

Поддржете ја нашата работа: