Сокотра – островот на волшепствата (Јемен)

Сокотра (арапски: سقطرى Suquṭra) е мал архипелаг составен од четири острови во Индискиот Океан. Најголемиот остров, исто така наречен Сокотра, зафаќа 95% од површината на архипелагот. Се наоѓа на околу 240 километри источно од Рогот на Африка и 380 километри јужно од Арапскиот Полуостров.

Островот е многу изолиран и преку процесот на специјација (видообразување) една третина од растителниот живот на него не се наоѓа на ниедно друго место на планетата. Многупати е опишуван како највонземјанското место на Земјата.

Сокотра припаѓа на Република Јемен. Долго време била дел од ‘Adan Governorate, но од 2004 година му припаднала на Hadhramaut Governorate, кој е многу поблиску до островот отколку што е ‘Adan (иако најблискиот гувернат до островот е Ал Mahrah).

Првично на Сокотра актуелна била обработката на Oldoway (или Oldowan). Oldoway биле наречени камените орудија пронајдени во околината на Hadibo од страна на VA Zhukov, член на Russian Complex Expedition во 2008 година.

Во октомври 1967 година султанатот Mahra бил укинат. На 30 ноември 1967 година Сокотра станала дел од Народна Република Јужен Јемен (за подоцна да стане Народна Демократска Република Јемен). Денес овој остров е дел од Република Јемен.

Поддржете ја нашата работа: