Соларни системи кои можат да обезбедат вода за цело село

Многу луѓе од земјите во развој секојдневно се мачат да дојдат до чиста вода. Се проценува дека 1,2 милијарди луѓе во светот живеат во области каде има недостаток на чиста вода, а опремата потребна за прочистување не е секогаш достапна.

Тим од истражувачи предводен од претприемачот Марко Атисани, излезе со генијално решение. Се работи за нов тип на генератор кој може да ја користи сончевата светлина за да донесе чиста вода, електрична енергија, па дури и пристап до интернет до оддалечените заедници во светот.

Системот се нарекува „Watly“, а прототипот е веќе теститан во село во Гана, а еден ваков систем може да обезбеди вода за заедница до 3.000 луѓе.

Еве како функционира системот: модуларниот систем што се наоѓа во „Watly“ собира енергија преку соларни панели поставени на неговата површина, а потоа ја складира како електрична енергија во акумулатор со капацитет од 140 kWh. Дел од оваа енергија се користи за прочистување и десалинизација на водата од реките и океаните. Системот лесно се одржува и не е потребно да се приклучува на електричната мрежа.

За прочистување на водата, „Watly“ користи технологија на база на графен со помош на кој се одделуваат сапуните, растворувачите и јаглеводородите, додека друг систем кој исто така ја користи топлината од соларните панели ја дестилира водата, пред да помине низ специјален систем кој го регулира нивото на pH на водата.

Водата се складира во три резервоари од 5.000 литри во внатрешноста на Ватли.

Watly-foto

Покрај ова, „Watly“ може да обезбеди електрична енергија во оддалечените заедници, која може да послужи за разни намени, како и да обезбеди интернет пристап. Креаторите велат дека системот користи комбинација на радио врски, постоечките 3G/ 4G мрежи и сателитска конекција за да обезбеди интернет, додека засебни „Watlt“ системи исто така може да комуницираат меѓусебно. Животниот век на една ваква машина се очекува да биде 15 години.

Иако секогаш треба да се биде претпазлив со новите фантастични иновации, според пишувањето на „Digital Trends“, системот веќе поминал низ тригодишни тестирања пред да стигне до оваа фаза.

Проектот исто така успеал да привлече околу 22 милиони долари надворешни инвестиции, а првата проба ќе биде прикажана на документарниот канал „Discovery“, подоцна во текот на оваа година.

Поддржете ја нашата работа: