SpaceX организира натпревар за најдобра „Hyperloop“ капсула

Елон Маск, кој го креира специјалниот транспортен систем ”Hyperloop” додека компаниите Hyperloop One и Hyperloop Transportatoin Technologies потпишуваат договори за изградба на експериментални и комерцијални патишта на неколку места во светот.

Спејс икс организира сопствен натпревар за најдобро техничко решение за капсула која ќе се движи низ вакумска цевка.

Во своето седиште во Хауторн, Калифорнија изградиле цевка со должина од 1,6 километри и во неа оваа недела одржуваат натпревар на 30 тима од цел свет кои ќе ги претстават своите решенија за вагоните.

Натпреварот започнал уште во 2015 година, со околу 1200 пријавени тимови и нови решенија. На крајот 30 најдобри изградиле прототип и го тестирале во тунелот со доволна големина за во капсулата да застанат луѓе.

Меѓу пријавените тимови се наоѓаат професори, студенти, инжињери а нивните дизајни прилично се разликуваат.

Останува да видиме на крајот кое решение ќе биде прогласено за најдобро и колку далеку ќе биде од комерцијализацијата.

Спејс икс ја најавува и следната фаза од натпреварот за на лето, кога главен критериум за победа ке биде брзината на сообраќајот на Hyperloop тунелот.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,515денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.