Супер батерија од отпадни стаклени шишиња

Научниците од Универзитеот во Калифорнија, Риверсајд, направиле наносиликонски аноди, битни компоненти во батериите, кои овозможуваат повеќе енергија.

Кога се користат во литиум-јонските батерии, наносиликонските аноди можат да складираат речиси четири пати повеќе енегија од конвенционалните графитни аноди, што ги прави идеални за електричните возила и личните електронски уреди како мобилните телефони и лаптоп компјутерите.

Дури и со денешните напредни системи за рециклирање, милиони стаклени шишиња годишно завршуваат на депониите како отпад.

Научниците успеале преку евтин хемиски процес да го искористат силициум диоксидот што тие го содржат и да го претворат во силиконски наночестички со висока чистота за литиум-јонските батерии. Така, отпадот станува дел од супербатерија.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.