Дали лаптопот треба постојано да биде вклучен на струја и дали тоа допринесува за побрзо трошење на батеријата?

Ако користите преносен компјутер (или лаптоп) можеби понекогаш се прашувате колку за вашиот уред е добро доколку постојано е вклучен во струја. Додека некој ќе рече дека не е добро, бидејќи доведува до забрзано трошење на батеријата, друг ќе каже дека тоа не е точно.

Вообичаен совет за сите преносни компрјутери е од нив да се извади батеријата, а потоа уредот да се вклучи на струја, бидејќи тогаш не постои ризик од забрзано трошење на батеријата.

Но што ако во лаптопот е вградена батерија која не може да се извади на вообичаен начин? Може ли на новите лаптопи да им се случи да батеријата премногу се наполни?

Можеби некаде имате прочитано или слушнато предупредување дека батеријата на вашиот лаптоп може премногу да се наполни. Предупредувањето е засновано на фактот дека доколку батеријата дојде до 100% треба веднаш уредот да го исклучите од струја. Сепак такво нешто не е возможно. Преполнување на батеријата можеби било можно на постарите модели на лаптопи кои се постари од 10 години.

vađenje litijumske baterije iz laptopaОд друга страна пак, за жал, колку корисникот и да внимава на батеријата, со тек на време таа се “троши”. Вистина е дека батериите на денешните лаптопи се поиздржливи за разлика од оние од пред 5 години. Некои тестирања покажале дека дуи и ако не го користите вашиот лаптоп, сепак батеријата нема да се сочува како нова.

laptop baterijaНатаму, без оглед на кој тест поминале сите батерии, секогаш доаѓаме до ист заклучок: главен противник на долготрајноста, односно подолгиот век на траење на батеријата е топлината. Ова не важи само за батериите на преносните компјутери, туку за сите уреди кои користат батерија.

Доколку батеријата ја наполниме до 100%, после една година таа ќе изгуби севкупно 6% од првичниот капацитет. Ако батеријата ја држиме на 100% и ако лаптопот работи на температура од 60 степени, таа батерија за една година ќе изгуби 80% од својот првичен капацитет.

čišćenje laptopaШто може да превземете?

Во случај да имате лаптоп кој генерира малку топлина и се кориски во проветрена просторија, оштетувањето на батеријата оди малку поспоро. Ако користите ”high-end” или гејмерски преносен компјутер кое стандардно доста загрева, важно е компјутерот да биде адекватно разладен, поставете кулер, или извадете ја батеријата барем за време на играње.

Поддржете ја нашата работа: