Батерија која се полни речиси веднаш

Компанијата Ifbattery LLC (IF-battery), основана од страна на научниците од Универзитетот Пурдју, верува дека се наоѓа на прагот на едно од најголемите откритија на денешницата – батерија која се полни речиси веднаш, и би можела во целост да го промени светот на нашите гаџети и електрични возила, која нема да се полни подолго отколку што трае полнењето на гориво на бензинските пумпи.

Џон Кашман, професор на Универзитетот Пердју и ко-основач на компанијата IF-battery, наведува дека растот на продажбата на електрични и хибридни возила е речиси неверојатен, па најголем предизвик на индустријата е да го продолжи рокот на траење на батериите и да ја олесни инфраструктурата за полнење, додека возачите најмногу време губат за време на полнење.

Од оваа причина IF-Battery развива систем за складирање енергија кој ќе им овозможи за возачите да го наполнат своето возило со течни електролити со цел да им дадат енергија на потрошените батерии, исто како што ги полнат резервоарите со бензин.

Покрај тоа, потрошената течност може да се собира и да се однесе до соларни фарми и хидроцентрали, каде повторно ќе се полни. Всуштост овој пронајдок претставува обновливо гориво, како што е прикажано на видеото:

Научниците велат дека овој течен батериски систем е единствен и прв кој ги отстранува мембраните со што се намалуваат трошоците и се зголемува животниот век на батериите, а со оглед на тоа дека мембраните се причина за честите пожари, целиот систем е значително посигурен.

Исто така наведуваат дека моментално се наоѓаат во фаза на дополнително финансирање кое ќе овозможи изградба на прототип на големата скала, и бараат партнери за производство.

Поддржете ја нашата работа: