Се работи за рибата од видот „Pristis pectinata“ која има рамно тело слично на ајкула и долга муцка со заби од страната кои ги користи за да го најде и убие својот плен. Достигнува големина до 5,5 м и живее во реките во југо-западна Флорида.
Во 2003 година овие риби се прогласени за загрозен вид, со само 5% од својата оргинална популација, а нивното истребување се должи на загрозеното живеалиште, како и на „ненамерниот“ риболов, при што се заробуваат во мрежите наменети за лов на другите риби.
Ова е прв пат феноменот познат како партеногенеза да се забележи кај ’рбетници во дивината. Досега е забележан кај влечуги, птици и ајкули кои биле заробени од луѓето, со што се покрева прашањето за тоа колку овој начин на разможување е застапен во природата. Можно е рибите да започнале со ова асексуално размножување бидејќи нивниот број е толку мал што можеби и не постојат никакви услови за парење, објаснуваат научниците.
При партогенезата, јајце клетката од женката може да се развие во бебе без да биде оплодена од мажјакот. При тоа, клетката се дели на четири делови, од кои едната ги задржува клеточните структури и цитоплазмата, а останатите три содржат дополнителен генетски материјал. Една од тие три клетки функционира како сперматозоид и се спојува со јајце клетката. Оваа „оплодена“ јајце клетка има околу половина од генетската разновидност на мајката, при што партогенезата претставува процес кој може да се открие преку генетско тестирање.
„Ова ново истражување може да доведе до откривањето на партеногенезата како прифатливо средство за размножување кај некои видови, и може да е многу позастапена отколку што претпоставувавме“, велат научниците. „Но, тоа не значи дека оваа риба може да се симне од листата на загрозени видови, барем не во скоро време додека не сме сигурни дека популацијата е стабилизирана. Ова е само уште една неверојатна причина за да бидеме загрижени за овие видови“.
Истражувањето е објавено во „Current Biology“.