Дури 80 години откако е последен пат видена, источно-американската пума е и официјално прогласена за изумрен вид и е тргната од листата загрозени видови во САД. Оваа пума некогаш можеше да се сретне во северноамериканскиот појас од Мичиген па се до Јужна Каролина.
Големите мачки наречени пуми, планинските лавови или пантери, во минатото живееле во областа на сите сојузни американски држави источно од реката Мисисипи, но до 1900-тите години поради системското убивање со лов и поставување на стапици, скоро целосно исчезнале – пренесува американската Агенција за риби и животински свет.
Агенцијата започнала системско преиспитување на статусот на ова животно уште во 2011 година, неговите генетски роднини, планинските лавови кои се уште населуваат голема површина од западниот дел на САД, како и на малата загрозена популација на пантери на Флорида, коишто можат да се видат само во областа на мочуриштето Еверглејдс.
Во 2015 година американските сојузни биолози заклучиле дека нема никакви изгледи да се пронајдат пумите во областа на истокот во САД, и затоа нема да има потреба од заштитата која ја овозможува Законот за загрозени видови. Нивната одлука за бришење од листата, е донесена како конечна оваа недела.
Источно-американската пума воглавно ловела бел елен во крајбрежните области и шумите. Прогласена е за загрозен вид уште во 1973 година, но до ден денес, скоро три децении воопшто не е ни видена.
Според записите, последната пума ја убил некој ловец во Мајн, Германија уште во 1938 година, а потоа пумите кои биле забележани на истокот во САД всушност биле залутани од запад.
Ова животно можело да достигне должина дури до 2,5 метри и да тежи околу 65 килограми. Некогаш тие биле најраспространетите копнени цицачи на западната полутопка на оваа планета, пред да се уништи нивното природно живеалиште кое е намалено за околу две третини.