Светски ден на астероидот

Оваа година, денот на астероидот ќе го одбележиме и кај нас. На 30-ти јуни од 20 часот, Македонското астрономско друштво, Скопското астрономско друштво, Македонското истражувачко друштво Астрономскиот центар Орион ќе имаат серија кратки предавања во киното Фросина и Планетариумо тпри МКЦ, како и набљудување со телескопи на платото пред МКЦ (секако доколку дозволат временските услови).

Настанот ќе го отвори д-р. Олгица Кузмановска професор на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и претседател на Македонското астрономско друштво.

За значењето на Светскиот ден на астероидот ќе зборува  професор д-р. Гордана Апостоловска, регионален координатор на глобалното движење Денот на астероидот.

За астероидите кои се блиску до Земјата и за непосредната закана за нашата планета ќе не запознае Филип Парталовски од Скопското астрономско друштво.

„Игра на астероиди“ е темата која ќе биде презентирана од Кристијан Шишковски, од Астрономскиот центар Орион. Во неа ќе бидат опфатени сегашните, најавените и научно фантастичните всленески мисии.

По предавањето посетителите ќе може да го посетат Планетариумот каде Ванчо Стојкоски од Македонското истражувачко друштво ќе го презентира на популарен начин ноќното ѕвездено небо.

Посетителите ќе може да  погледнат на вистинското небо преку телескопите поставени на платото пред МКЦ.

Приклучи се на настанот тука
НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,233од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.